Денеска (28.12.2022), полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со В.М.(46) од Битола.
Тој се сомничи дека во повеќе наврати на неколку лица им ветувал дека ќе им посредува во извршување на различни услуги и за тоа од нив барал надомест. Како што е пријавено, тие му ги дале парите, но услугите не биле завршени и потоа не им се јавувал на повиците.
Тој ги признал делата и по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.