Никола Митрески повторно одигра меч за ЧИСТА ДЕСЕТКА во дресот на Еурофарм Работник, но неговиот тим пак остана без победа во Лигата на шампионите.
Во Шпанија битолскиот тим беше поразен од Бидасоа Ирун по речиси идентично сценарио како и на претходните два натпревари (26-25). Искусниот репрезентативец во клучните моменти од мечот, по кој знае кој пат, го покажа својот квалитет на дело и со двојна одбрана, од која втората беше неверојатна, ја сочува својата мрежа. Но, неговите соиграчи не го искористија тоа и дозволија минимална победа на домаќинот.
Голманот на Еурофарм Работник мечот го заврши со 13 успешни интервенции и заедно со Остроушко беа најдобрите поединци кај битолскиот тим.