Велат тимот кој победува не се менува. Така е и со нашиот трофеен тим Фан Продукција, кој секоја година стои за успешно и беспрекорно реализиран и сработен фестивал на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест”.
И оваа година тимот на Фан Продукција се погрижи за сите прекрасни кадри и случувања за време на четирите фестивалски денови во Прилеп да ви ги пренесе и да ги зачува за сеќавање на уште еден извонредно организиран “Пиво Фест”.
Дрим тимот на Фан Продукција го сочинуваат: Бубо Ристески, Александар Кочоски, Димитар Ристески, Сашко Попоски, Оливер Ангелески, Зоран Пиловски, Горан Попоски, Виктор Керов, Роберт Темелкоски и Филип Петрески.
Дечки секоја чест !