Став на ФСС на ПМФ околу новиот концепт во основното образование.
– Почитувани професори, почитувани колеги и соработници, изминатиов период сме сведоци на еден нов концпет предложен од МОН кој ги таргетира природните и општествените науки. Како што веќе и самите знаете предметите физика, хемија, биологија и географија би се изучувале како еден предмет, односно природни науки. Делови од географија би се поврзале со историја и граѓанско образование во еден предмет, односно општествени науки. Ние како студенти кои студираат некоја од овие природни науки и математика СМЕ ПРОТИВ ОВОЈ КОНЦЕПТ!!! Во продолжение ќе ги изнесеме нашите ставови зошто (не)треба да се примени овој концепт.
ДА за реформи во образованието, НЕ за спојување повеќе предмети во еден.
– Прво и основно, ниту еден професор од нашиот факултет, кој се бави со методика во образованието по природни науки, не е консулитран околу овој концепт зошто (не)треба да се имплементира.
– Периодот во кој се направени истражувањата за овој концепт е премногу краток и сметаме дека не е доволно долг за да се донесуваат било какви заклучоци.
– Постојано се експериментира со образованието по природни науки!!! Пред неколку години е имплементирана Кембриџ програмата по која учениците учат. Сега се наметнува овој концепт. Не може на секои пет години да се наметнува нешто ново и непроверено кога станува збор за природни науки.
– Потребите за Кембриџ и сега овој концепт бараат лабораториска работа. Во најголем дел од основните, па и средни училишта нема основни услови кога станува збор за лабораториска работа по биологија, хемија или физика. Наставниците се приморани да импровизираат и на сопствен трошок да изведуваат ‘’експерименти’’.
– Што ќе се случи доколку на некој ученик подобро му одат биологија и хемија, а послабо му оди географија или физика? Како наставникот, односно наставниците ќе донесат оценка по предметот природни науки?
– Факт е дека географијата е до некаде тесно поврзана и со општествените науки, но како може некој што (не)дипломирал на географија да ги предава токму тие делови и обратно?
– Овој замислен концепт можеби е добро да се имплементира во Македонија, но пред тоа да се обзебдат соодветни обуки на наставниците и нормални услови за работа во училиштата.
– Со овој концепт, стравуваме дека работните места ќе се намалат и да не го заборавиме фактот дека дури една третина од наставниците во било кое училиште го сочинуваат токму наставници кои дипломирале на некој од нашите институти.
– Невозможно е за 8 месеци да се напишат учебници и учебни помагала преку кои ќе се учи и работи и да се подготви соодветна наставна програма.
Сметаме дека реформите што ги предлага МОН, нема да допринесат за развој на образованието во Македонија, туку само ќе го уназадат. Како студенти кои се вљубеници во природните науки и математиката, цврсто стоиме зад овој став и сме поддршка на нашите професори!
Со почит, ФСС на ПМФ