Оштетени се скалите пред влезот и патничко возило во сопственост на Центарот за социјални работи Прилеп – објави неделниот весник “ЗЕНИТ”
– На 26 мај во СВР Битола, И.А. од Прилеп пријавил дека непознат сторител фрлил стаклена тегла со црна течност кон објектот од Центарот за социјални работи Прилеп на ул.„Стеван Апостолоски“, при што биле оштетени скалите пред влезот и патничко возило сопственост на Центарот за социјални работи Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат за “Зенит” од МВР.