Македонски активист објавува амбалажа за македонско вино кое се продава во Германија.
На етикетата е напишано дека се работи за вино од видот “Розе” од “Република Северна Македонија” од 2018 година.
На амбалажата нема ознаки за компанијата што го произведува виното кое е македонско но ако фразата се толкува како придавка е означено како “Nordmazedonien” или Северномакедонско.
На графиката од етикетата е поставено и стилизирани сонце од Кутлеш или Вергина како што го означуваат во Грција.
Според правилата на германскиот јазик и други северно-европски јазици зборовите северна и Македонија се претвараат во еден збор што значи Северномакедонски.
Македонската влада пред и по потпишување на Преспанскиот договор тврдеше дека со промена на името нема да се промени придавката Македонски/а/о без притоа да ги анализира спецификите на европските и светските јазици.
Како беше она
,,Ги зачувавме и географските обележја на македонските производи"*пронајдено во берлински есбан. pic.twitter.com/9mCgm3LzBO
— еЛ џуџо (@paladzudzo) October 30, 2019