Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва околу 00:30 часот на улицата “Леце Котески” спроти Противпожарната станица во Прилеп.
Според она што го дознаваме од очевидци, со повреди се здовиле две млади лица, откако со автомобил удриле во топола, додека причината за сударот е сеуште непозната.
Полицијата на лице место изврши увид и работи на откривање точните причини за настаната несреќа.
Според жителите кои живеат во овој дел на градот ова е шестта или седма сообраќајна несреќа во последно време по оваа улица.
Велат се вози со голема брзина и бараат локалните власти да преземат нешто за регулирање на сообраќајот во овој дел на градот.
Улицата “Леце Котески” или кај народот позната како “Kрушевско џаде” е една од црните точки во градот, па жителите велат дека постојана полициска патрола би го спречила пребрзото возење на поединци.