Уште една македонска гордост: Симона ќе глуми во ист филм со најплатената актерка во светот

Филмот „Црната вдовица“ (Black Widow), работен според стриповите на „Марвел“, е во фаза на снимање, чија премиера се очекува за 1-ви мај 2020-та. Главната улога ја игра во моментот најплатената актерка на светот, Скарлет Јохансон.

Фановите на Марвел филмовите со нетрпение го очекуваат ова остварување, а особено Македонците бидејќи во него една од улогите ќе ја толкува македонската актерка Симона Живковска.

Младата 25-годишна Симона е родена во Скопје во 1994-та година, но во 2001-та година се преселила во Велика Британија каде што ја започнала својата актерска кариера. Во моментов ја застапува „Идентити ејџенси груп, а за добиената улога таа напиша дека и се реализирал сонот и дека е многу благодарна.

Првата телевизиска работа Симона ја добила на 17 години на почетокот на 2012 година. Таа ја играше главната жена во критички познатата драма на БиБиСи „Моето убиство“ во режија на Брус Гудисон. Оттогаш глуми во многу ТВ-емисии и играни филмови, како британската сапуница „Casualty“ на БиБиСи оне, добро познатата ТВ серија на Скај, „Devils“ и уште многу кратки филмови и театарски продукции.

За последната улога во вилмот „Црната вдовица“ Симона објави твит во кој се заблагодарува за поддршката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.