Уште една европска држава ја стави Македонија на “забpaнетата листа”: 3aбpaнет влез за македонски државјани до 31 август

Владата на Шведска денеска донесе одлука за ограничувањата за патувањата во земјата до 31 август на земјите кои се најмногу погодени од коронавирусот, меѓу кои спаѓа и Македонија.

Мерката беше воведена во март, а исклучок од тоа ќе бидат 14 земји кои се најдоа на безбедната листа за целата ЕУ: Алжир, Австралија, Грузија, Јапонија, Канада, Мароко, Црна Гора, Нов Зеланд, Руанда, Србија, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис и Уругвај.

„Забраната за влез нема да се однесува на новите жители и студентите кои допрва треба да се преселат во земјата“, појасни владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.