Уште една бандера се провисна на жици и стана потенцијална опacнocт за граѓаните во Прилеп. Овојпат на улицата “Драган Димески”.
Пред една недела пак фотографии од падната бандера и потпpeна со дpво на улицата “Пане Талески” во Прилеп, стана хит на социјалните мрежи.
За среќа и во двата случаи нема повредени, или несакани последици, но едно е сигурно, дрвените електрични столбови се дотраени и итно е потребно нивно менување.
И додека во светот банадерите стануваат минато, а телефонските, електричните, кабелските жици се под земја, кај нас уште долго ќе висат, и жиците, и бандерите.