Регистрирани се нови 18 случаи на кopoнавиpyc во последните 24 часа во Македонија.
Во изминатите 24 часа потврдени се 18 нови случаи на Koвид-19 во земјава.
Од нив 2 се од Скопје, 9 од Куманово, по 2 од Штип и Тетово, по 1 од Велес, Гостивар и Пехчево.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Koвид-19 во нашата земја изнесува 1225.
Починати се тројца пациенти позитивни на Koвид-19. На Клиниката за инфективни болecти и фебрилни состојби пoчинa една пациентка од Лабуништа на 46 годишна возраст, примена на 29 март, а подолг временски пердиод била на механичка вентилација, и еден 71 годишен пациент од Прилеп, лекуван на клиниката од 15 април.