На плажа во Сплит во петокот околу 17 часот, оние кои биле присутни се изненадиле кога оддеднаш автомобил се слизнал во морето.
Во автомобилот марка „БМВ„ немало никој, а се претпоставува дека сопстевникот заборавил да ја крене рачната кочница.
Фотографијата од несреќата е објавена на страницата „Prometne zgode i nezgode“ и насмеа многумина, кои се шегуваа на сметка на сопственикот.
Имено неодамна се случи сличен инцидент во Задар, откако луксузен мерцедес заврши во морето и стоеше на дното неколку дена. Тогаш возачот наместо кочница притиснал гас.