Додека траело турското ропство, Отоманската империја им дала некои права на рисјаните во Македонија, под притисок на Русија. Остварувањето на руските интереси течело преку нејзиниот вазал, Бугарија.
Идејата била да се научат младите на целите на пан-славизмот, па бугарската црква – егзархија – била алатот за постигнување на таа цел.
На сликата е училиштето “Кирил и Методиј”, градено во 1883 година. Учителствувале многу македонски дејци, меѓу кои Пере Тошев, Даме Груев, Кузман Шапкарев, Глигор Прличев… Ја исполнувало образовната функција во дворот на црквата Свето Благовештение во периодот на Балканските војни и после Првата светска војна.
Во кралството Југославија, јазикот бил српски. Меѓутоа аферите, интригите и задкулисните игри на големосрпскиот режим не мирувале од 1918 до распадот на кралството 1941.
Злогласната српска тepopиcтичка организација Црна Рака, од која страв имале и крунисаните глави на фамилиите Обреновиќ и Караѓорѓевиќ, сметала дека училиштето е место каде се изведуваат промакедонски активности, спротивни на српството. Членовите го запалиле училиштето во 1939 година, а чинителите не биле ни најдени ни казнети.
Извор: “Неделник ЗЕНИТ”