Училишни тимови за безбедност и медијација

manu-obse

И оваа година, мисијата на ОБСЕ во Македонија повторно организираше работилници за учениците од средните училишта во Македонија, кои се одржаа во хотел „Монтана„- Крушево од 27-29 октомври 2016 год. Во тие работилници учество зедоа и средношколците од СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу,, под менторство на професорката Мануела Котеска.

Целта на работилниците беше поврзување на учениците од различните етникуми во Р.Македонија, со цел нивно ангажирање во справувањето со ризиците и конфликтите кои што постојат секојдневно во нивното опкружување – училиштето и средината.

Работилниците се водеа по следниве теми:

1.Менаџирање на конфликти

2.Тимска работа преку спортски и друштвени активности

3.Работилница за видео и фотографија

4.Активно младинско учество

5.Мултикултурализам.

Учениците од прва и втора година од училиштето “Кузман Јосифоски-Питу”, Михаела Анастасовска, Ирмела  Хасановиќ, Наталија Савеска и Стефани Атанасоска, беа дел од петте тимови кои активно работеа во совладување на зададените задачи од преставниците на ОБСЕ. Учениците требаше да разговараат за тоа како се справуваат со конфликтите во нивната средина, како ги надминуваат меѓуетничките разлики, како спортските активности ги поврзуваат различните етникуми и како гледаат на мултикултурализмот како позитивна придобивка во нивниот живот. Убавото време и желбата за дружење ги поврза сите ученици и менторите со цел престојот да се искористи во постигнување на предвидените цели и ширење на познанства и склопување нови пријателства, кои треба да продолжат активно и во понатамошниот период. Во периодот што следи учениците треба да  изработат презентативен материјал, видео и слики, со кои ќе придонесат за ширење на интересот меѓу нивните соученици-врсници и активно вклучување во вакви и слични настани.

 

Професор Мануела Котеска

СОЕПТУ,,Кузман Јосифоски-Питу,, Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.