Учениците од ООУ “Кочо Рацин” од Прилеп станаа општински шампиони во машка и женска конкуренција во одбојка.
Одбојкарите од осмо и деветто одделение успеаа да ги победат своите врсници од другите училишта и да го освојат приматот најдобри во Прилеп.
Предводени од наставникот Петре Крагуевски, учениците од најградското училиште продолжуваат на регионалните натпревари, каде се очекува да го потврдат својот квалитет.