Ученици од О.О.У “Блаже Конески”- Прилеп од 8 и 9 оддeление, на покана на клуб “ЕДУКО” го посетија семинарот за изучување на странски јазици преку “Летни школи во странство”, на различните реномирани универзитети во Англија, Франција Швајцарија Германија.
Учениците имаа можност да комуницираат на Англиски јазик со презентерите на летните школи, за да дознаат повеќе податоци и информации за условите за изучување на странскиот јазик на соодветната летна школа во западноевропските земји. Семираот и презентацијата се одржа во Музејот на револционерната борба во Скопје на ден 22.01.2017 год.
Се подигнаа брошури, визит картички, се комуницираше, се разменија информации и се согледаа можностите за изучување на странските јазици, како прозорец во иднината преку летните школи.
Изјава за МРТВ даде ученичката Христина Каламукоска. Учениците го посетија и Музејот на Македонската револционерна борба и одблиску преку восочните фигури и предавањата се запознаа со вистинската историја на Македонија. Беше посетен и “Skopje City Mall”.
Изучувањето на странските јазици е од витално значење и на истото треба да се полага големо внимание, како и континуирано да се вложува. Јазикот е вистински прозорец кон иднината.
Учениците ги водеа, наставничката по англиски јазик Валентина Кочоска и директорката м-р по Англиски јаизк Марија Дулевска. Ова беше одлична можност учениците да се запознаат со условите, можностите за нивна надградба по однос на познавањето и подлабокото изучување на странскиот јазик по нивна желба.