Учениците од “Горната” државни прваци во баскет 3X3 (ФОТО)

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес организираше прием за учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“, кои, во конкуренција од 93 средни училишта низ Македонија, го освоија пехарот и станаа државни прваци во кошарка 3×3 во машка конкуренција.

Градоначалникот Коњановски им честиташе на учениците Наум Марковски од III⁴, Благојче Димитровски од III², Лео Созовски од II³ и Благој Тарашовски од II¹. Тој изрази и посебна благодарност до нивниот ментор, професорот Антонио Трпковски, како и до директорката на Гимназијата, Лидија Споа, за континуираната поддршка што им ја даваат на учениците, поттикнувајќи го кај нив спортскиот и натпреварувачки дух.

Овој извонреден успех претставува голема гордост не само за Гимназијата „Јосип Броз Тито“, туку и за целата општина Битола.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.