Наставата со далечинско учење е возможно да продолжи и од септември, доколку не стивне ситуацијата со Ковид-19, рече министерот за образование, Арбер Адеми во видео обраќање на Алсат.
Тој додаде дека сепак министерството сè уште не подготвило стратегија за ова прашање и дека плановите и предвидувањата за новата школска и академска година ќе започнат непосредно по завршувањето на учебната година на 10 јуни.
Ако околностите се исти, можеме да се соочиме со истите мерки, што значи учење преку интернет. Сепак, не сакам да прејудицирам, затоа што можеме да бидеме поинаку организирани во образовните институции, да се држи растојанието, да ги почитуваме препораките на здравствените власти и да не го доведуваме во прашање традиционалниот конвенционален начин на организирање на образовниот процес, вели Адеми.