Она што некогаш се нарекуваше “Рајска градина” и беше вистинска атракција за дечињата во “Паркот на револуцијата” во Прилеп, сега е претворена во запуштено место.
Десетина чифта бели пауни, златни, платинести и дијамантски фазани, кинески гугутки, јапонски и други егзотични кокошки во различни нијанси и бои на пердуви, беа населени во украсно дизајнирани кафези, во не така далечната 2012 година.
Идејата според екс градоначалникот Марјан Ристески, беше учениците тука да имаат часови по биологија, а оние од ветеринарната струка да изведуваат практична настава. Беше планирано оваа “Рајска градина” постојано да се надополнува со нови видови, а Могилата да добие мини Зоолошка градина во иднина.
Имаше дури и бели пауни “Албино” се многу ретки птици, и во денешно време вредат над 500 евра.
Денеска украсни птици има само во уште еден кафез, а сите останати се запустени, затревени, разрушени….
Зошто и кој дозволи оваа убавина да исчезне, наместо да се надополнува со нови видови на птици и да привлекува посетители и од други градови…