Ученици од СОУ “Ѓорче Петров” се подготвуваат за Португалија

port5

Деветнаесет ученици од струката лични услуги- козметичари и фризери, кои беа избрани на објавениот конкурс, заедно со три професорки-ментори ќе бидат претставници на средното стручно општинско училиште ,,Ѓорче Петров‘‘ од Прилеп, во Брага, Португалија. Во рамките на припремите за проектот Professional VET cooperation development project , поддржан од програмата Еразмус + и Националната агенција за образовни програми и мобилност, учениците подготвија и пред останатите учесници презентираа информации за земјата – домаќин, за знаменитостите, убавините и карактеристиките на Брага, град каде ќе престојуваат 19 дена. Со соодветните припреми ги збогатија и своите јазични познавања. Нивните вредни раце што разубавуваат ја покажаа умешноста при припремите и презентациите во училишниот фризерски салон. Учениците беа сведоци и на остварувањето на виртуозните замисли на некогашниот нивни ученик, сега препознатлив фризер и шминкер, Алек Палада. Креативноста е безгранична дарба , но принципите и вештините се стекнуваат со работа. Претходните способности надоградени со овие, новите, ќе им го олеснат престојот во Португалија.

port1

port2

port3

port6




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.