На Интернационалната олимпијада за вештачка интелигенција која се одржа во Љубљана, учениците Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје и Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп освоија бронзен медал.
Натпреварувачите беа под менторство на професорот Емил Станков од ФИНКИ и асистентот на ФИНКИ Димитар Милески.
Медалите им ги додели министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон.
-Честитки за нашите млади мозоци кои во конкуренција од 200 натпреварувачи од целиот свет успеаја да и донесат бронза на Македонија, напиша на социјалните мрежи амбасадорот на Република Македонија во Словенија, Горан Милевски.


























