Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, дневната од 17 до 29 степени, а вредноста на УВ индкесот ќе изнесува осум
Упрaвата за хидрометеоролошки работи најавува дека утре ќе има поизразена нестабилност, наместа со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела со локален пороен дожд и ретки грмежи. И во почетокот на наредната седмица ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.