УХМР со нова прогноза за 1 мај

Променливо облачно и  посвежо време со врнежи од дожд не очекува денес. На места брнежите особено на западот ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови и во попладневните часови врнежите ќе бидат почести.

 

soncevo-prolet

Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.

Од УХМР информираат дека времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со појава на краткотрајна неставилност претежно во планинските региони и западот. Температурата ќе се покачи за 4 до 5 степени во споредба со денешнава.

Сончево и топло со мала до умерена облачност, но и со услови за попладневната и краткотрајна нестабилност претежно за  западот ќе има се до петок.

Во петок врнежите ќе се почести и повеќе во северните делови од земјата, а ќе започне период во кој повторно ќе дува северен ветер кој ќе донесе ново помало спуштање на температурата.

2




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.