УХМР со лоша вест за неработниот ден

УХМР со лоши вести за времето. Денеска променливо облачно со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 21, Кавадарци 23, Крива Паланка 21, Берово 19, Битола 21, Охрид 18, Маврово 13 и Дојран 26 Целзиусови степени.

Прогнозата за утре е променливо облачно и нестабилно особено попладне, со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Неработниот ден нема да ни помине со сонце.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.