Утре ќе се задржи релативно топло време со умерен, а претежно во западните делови повремено засилен јужен ветер.
Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен и постуден бран кој ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи ќе има во западните и северните делови, каде локално се очекува да наврнат околу 15л/м2. Во сабота од север ќе се прошири повремено засилен северен ветер. Дневните температури за викендот ќе опаднат за 6 до 9 степени и во недела ќе бидат во интервал од 6 до 12 степени.
Европската метеоролошка станица за утре издаде предупредување од жолта фаза поради опасност од силен ветер во западниот дел на Македонија.