Во рамки на третото коло од Втората кошаркарска лига, утре (сабота), со почеток од 19 часот, во салата на ООУ “Добре Јованоски”, екипата на Мега Баскет го дочекува МЗТ Уни банка.
Пред прилепчани е тежок предизвик и се надеваат дека со поддршка од домашната публика ќе стигнат до вториот триумф.
Гостите од Скопје досега имаат максимален учинок, или две од две на стартот од сезоната, додека Мега Баскет во првото коло триумфираше над Аакдемија ФМП, а минатиот викенд во Штип загубија од Соколи.