Утре премиера на претставата “Круг” во прилепскиот народен театар “Војдан Чернодрински”

Во театарот „Војдан Чернодрински“ денес се одржа прес конференција на која беше најавена премиерата на претставата „Круг“ во режија на Јован Ристовски, што ќе се одржи утревечер од 20.00 ч. Претставата е работена по текстот на Едвард Олби „ Дамата од Дебјук“.

Во истата играат: Даниела Иваноска, Игор Трпчески, Димитар Црцороски, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски, Ангела Наумоска, Димитар Ѓоргиевски, Марија Илијеска. За сценографијата и изборот на музика се погрижи Јован, а костимографијата е на Андреј Ѓоргиевски.

-Претставата е трагикомедија која влегува во надреализам и говори за распад на еден брак, семејство, заедница, општество. Зборува за тоа дека луѓето се направени себични, безобзирни и дека човештвото се наоѓа на раскрсница и треба да се испитаме- каде одиме“, истакна на прес конференцијата режисерот Ристовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.