Утре е голем празник: Се верува дека тој што прв ќе ви влезе во домот може да ви донесе среќа или нecpeќа

Утре православната црка го празнува Светиот свештеномаченик Игнатиј Богоносец.

Според верувањата на овој ден кој ќе ви влезе прв дома, ќе ви донесе среќа или несреќа.

Ако тоа бил млад и убав човек (момче или девојка) се сметало дека носат среќа, а ако прв влезел некој старец или баба верувале дека не ќе оди најдобро…

Игнатиј бил ученик на Св. апостол Јован. Во времето на Трајан тој бил епископ во Антиохија, каде многу се прочуло по својот свет живот, така што многумина го напуштаа збрканиот незнабожечки поглед на свет и се утврдуваа во верата во Христа.

На едно свое пропатување, цар Трајан дошол во Антиохија. Пред него го извеле овој славен епископ, а Трајан го осудил на смрт и го пратил во Рим. Патувајќи за Рим, Игнатиј ги охрабрувал христијаните од градовите низ кои проаѓал. Многу од тие негови зборови се зачувани до денес во вид на посланија. Во Рим бил фрлен на ѕверовите и со kpвта на своето сведоштво го запечатил светиот живот.

Обичаите и верувањата што се изведуваат на празникот Игнат најповеќе се поврзани со почетокот на годината или со споменот на раѓањето на Исус Христос.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.