Утре донесете ги во центарот на Прилеп вашите стари алишта, постелнини, јоргани… забавувајте се и научете повеќе за рециклирањето на текстил

Тексомак заедно во соработка со Општина Прилеп, ЈКП Комуналец – Прилеп и SALAR International организираа есенска акција за подигнување на свеста за текстилниот отпад и почиста животна средина.

Утре 05.10.2024, на Камената бина во центарот на Прилеп, со почеток од 11 часот, можете да ја донесете вашата стара облека, перници, постелнини, јоргани, текстил на метража, крпи…

Настанот ќе биде збогатен со музичка програма, креативна работилница за текстилен отпад, изложба на креации од текстилен отпад и нивна продажба, а собраните средства ќе бидат донирани за потребите на посебните паралелки во ООУ “Климент Охридски” Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.