Утре дечињата преку забава ќе учат за оралното здравје – Повелете под Градскиот Саат

Утре, четврток (19.03.), со почеток од 12 часот, на платот под Градскиот Саат, службата за детска и превентивна стоматологија од ЈЗУ “Општа болница со проширена дејност”-Прилеп организира хепенинг за промоција на оралното здравје, под мотото”ЧЕТКАЈ-БЛЕСКАЈ”.

Настанот е дел од одбележувањето на светскиот ден на оралното здравје. Истиот е масовно поддржан со учество на учениците од основните училишта, дечињата од градинките “Наша иднина” и приватните едукативни центри од градот.

Хепенингот има волонтерско-донаторски карактер благодарение на вработените во превентивните стоматолошки тимови, директорите, наставниците, децата, донаторите и општина Прилеп.

-Голема благодарност кон сите нив. ВЕ покануваме да се дружиме, забавуваме, да учиме и да уживаме.
Дојдете, научете се за вашето орално здравје и насмевнете се со нас
– велат организаторите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.