Утрешниот ден 13. февруари 2023 година е прогласен за ден на жалост поради настраданите во земјотресот во Турција и Сирија. Ова го соопшти премиерот Димитар Ковачевски.
„Утрешниот ден го прогласивме за Ден на жалост во вечен спомен на загинатите во катастрофалните земјотреси што го погодија пограничниот регион на Турција и Сирија. Граѓаните на Македонија во мислите и молитвите се со нивните најблиски, со нивните семејства. Во име на сите граѓани на Република Македонија изразувам сочувство до сите кои ги загубија своите блиски. Како држава и како народ ќе продолжиме да помагаме, ќе бидеме солидарни и ќе бидеме поддршка за настраданите граѓани, за оние кои изгубија сѐ.“, напиша Ковачевски на „Фејсбук“.