Православните верници утре ги празнуваат Св. бесребреници Козма и Дамјан.
Во Црквата, бесребреници се нарекуваат оние светители, на кои Бог им дал голем дар да чудотворат, т.е. да лечат од секакви болести. Тоа го правеле пред сé со силата на Светиот Дух, иако имале и медицинско образование.
Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име.
Биле родум од Мала Азија. Мајка им била христијанка и ги воспитала во Христовиот дух. Се упокоија во местото Фереман, а погребани се еден до друг. И по нивното напуштање на овој живот, тие продолжија да ги исцелуваат оние кои ги повикуваат во молитвите.
По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.
Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.