Утре во црковниот храм Св. Петка – свечено доделување на наградите од Божиќниот конкурс

Соопштение од црковниот храм Св. Петка, а по повод доделувањето на наградите од Божиќниот конкурс:

Храмот „Св. Преп. мчца. Параскева (Св. Петка)“ – Прилеп ја известува јавноста дека прогласувањето на победниците и свеченото доделување на наградите од Божиќниот награден конкурс ќе се одржи на Бадник, 06.01.2026 година (вторник), со почеток во 11:00 часот, на платото пред храмот „Св. Петка“.

Финалето на Божиќниот конкурс ќе биде збогатено со празнична музичка програма, во која ќе настапат:
хорот „Св. Петка“, градскиот детски хор „Мали ангели“ и хорот при ООУ „Св. Климент Охридски“.

Ги покануваме сите учесници, нивните родители, ментори и сите граѓани на Прилеп да присуствуваат и заедно да ја споделиме радоста на Божик, прославувајќи ја детската креативност, уметноста и празничниот дух.

Со почит,
Организационен одбор на Божиќниот конкурс при храм „Св. Петка“ – Прилеп




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.