Утре во “Цепенков” ќе биде отворена годишната изложба од прилепското Друштво на ликовни уметници

На 10 Октомври 2025г. / петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од НУЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена годишната изложба на ДЛУП за 2025 година. Изложбата е дел од програмата на Центарот за 2025, поддржана од Министерството за култура и туризам, и е дел од програмата по повод празнокот 11-ти Октомври. Изложбата ќе биде отворена 10 дена.

-Годинава својата креативност ќе ја изразат 13 уметници, членови на ДЛУП, кои ќе се претставаат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем – вели Маја Ралева Миладиновски од ДЛУП.

На изложбата ќе бидат изложени дела од Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски, Емил Солески, Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Геговски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.