Македонската Академија на науките и уметностите упати покана за пристапното предавање на новоизбраниот член во работниот состав на Академијата, проф. д-р Валентин Мирчески од Природно-математичкиот факултет во Скопје, на тема: “За трите света”.
На настанот пригодна реч за дописниот член ќе одржи академикот Глигор Јовановски. Настанот ќе се одржи на 28.12.2022г. го во 12 часот во амфитеатарот на МАНУ.
Mирчески е прилепчанец и досега има работено за повеќе универзитети ширум Европа. Професорот Мирчески е вистински амбасадор на Прилеп и Република Македонија, а неговото знаење и искуство е богатство со кое се стекнал секој негов студент.
Пред две години професорот Мирчески, заедно со Љупчо Коцарев, Леонид Грчев, Рубин Гулабоски (уште еден прилепчанец), Трајче Стафилов и Иван Грозданов се најдоа на листата на топ 2 проценти највлијателни научници во светот, која што ја изработи тричлен тим предводен од проф. д-р Џон Јоанидис од Универзитот Стендфорд во САД.
Студијата вклучува рангирање на над 7 милиони научници од целиот свет од 22 научни области и 176 под-области, од кои е направена листата од над 150.000 научници врз основа на голем број на комбинирани библиометриски индикатори, без да се земе во предвид возраста на научниците, објави грчкиот јавен сервис ЕРТ.