Утре е последниот споен викенд за оваа календарска година.
Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на секоја година во Македонија.
До крајот на годината ни остануваат само уште два неработни дена од кои едниот се паѓа во сабота и не се поместува, што значи само уште еден.
Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година:
За сите граѓани на РМ
23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба,
8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”.
За граѓаните од католичка вероисповед
01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци,
25 декември (сабота), првиот ден на Божик.
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука,
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.