Во присуство на заменик Министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов, градоначалникот на Прилеп го посети Средното општинско училиште „Кузман Јосифоски-Питу” каде заврши проектот за “Ронструкција и примена на мерки за енергетска ефикасност “, во рамките на Демонстративeн пилот проект за одржлива енергија во Прилеп “.
Општина Прилеп е партнер во проектот „Tематската мрежа на oдржлива енергија на прекуграничните локални власти“(Sustainable Energy thematic network of cross-border Local Authorities).Проектот е финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција. Во проектот како партнери се вклучени пет општини во прекуграничниот регион: Велес (водечки партнер) и Прилеп од Република Македонија и Лерин (водечки партнер), Ираклија и Висалтија од Република Грција.
„Вкупниот буџет на проектот за сите 5 партнери изнесува околу 745.000 евра, а буџетот предвиден за Општина Прилеп е околу 128.000 евра. 85% од финансиските средства се обезбедени од Европската унија, преку ИПА програмата, а 15% е национално кофинансирање. Ние и понатаму како министерство ќе рабиме на зголемување на поретките за отворање на вакви капитални дела “-изјави заменик Министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов
„Во Општина Прилеп како демонстративен пилот проект, е реализиран проектот за Реконструкција на Средното училиште „Кузман Јосифоски Питу“, а зафатот опфати замена на старите прозорци со нови ПВЦ прозорци и термопан стакло, поставување на термоизолациона фасада, замена на покрив и изолација на покрив, како и поставување на нова громобранска инсталација. Вкупниот буџет за оваа реконструкција изнесува околу 80.000 евра.“ Пилот проектот за Реконструкција на училиштето е завршен во текот на летниот период, пред почетокот на новата учебна година, според планираните рокови ,со што значајно се подобрени условите за одржување на настава во ова училиште, а со примената на сите мерки за енергетска ефикасност ќе се придонесе и за заштеда на финансиски средства за загревање во текот на зимскиот период.“ рече градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески
Инаку, во рамките на овој проект ЕНЕРЏИНЕТ, финансиран од фондовите на ЕУ за прекугранична соработка планирани се повеќе активности како работилници и презентации за подигање на јавната свест за одржилива енергија, работилници и семинари за размена на искуства, изработка на акциони планови за одржлива енергија за сите 5 општини, енергетски проверки на јавни објекти и др. А,за секоја општина беше планирано да се реализира по еден инфраструктурен пилот проект во кој практично ќе се применат мерки за енергетска ефикасност.