Филип Илиоски и Христијан Мојсоски денеска пристигнаа во Истанбул и ја комплетираа нивната петдневна авантура во должина од 850 километри.
Двајцата другари од Прилеп успеаа да ја остварат својата зацртана цел и станаа првите прилепчани кои успешно се справиле со толку долга патека за толку краток период.
Фотографијата од Босфорскиот мост ја објави Филип на својот Фејсбук профил и напиша:
“Патот до успехот е тежок, но погледот од таму е најдобар. Завршија 850 километри Прилеп-Истанбул. Благодарам на моите родители и верни другари и другарки и сите пријатели кои цело време не поддржуваа и веруваа во нас. Без вас немаше да успееме”.
Oва е трасата која ја поминаа двајцата млади велосипедџии кои се членови на Здружението “Маркови точакџии”.
СЕКОЈА ЧЕСТ МОМЦИ!