Капитенот на Вардар одговара на прашања од фановите пред камерата на ЕХФ.
За тоа на што најдобро ќе се сеќава од оваа сезона, Стојанче вели дека тоа е натпреварот на гости против Пик Сегед.
“Одличен натпревар, тежок натпревар, гласен натпревар и на крајот сме тука”.
Што е најважно за да се биде пивот?
“Moра да имате малку повеќе вишок на килограми. Морам да го кажам ова, бидејќи јас сум таков. Мускулест, но не е се’ во мускулите, мора да имате нешто и во главата”.
Aко не беше ракометар, што би бил?
“Всушност започнав да играм ракомет кога имав 18 години, претходно играв кошарка, но не бев многу добар во тоа”.