Фудбалските репрезентации на Црна Гора и Босна и Херцеговина синоќа во Подгорица го одиграа мечот од третото коло на Лигата на нации.
На стадионот „Под Горица“ владееше одлична атмосфера, а двете репрезентации имаа голема поддршка од трибините.
Црногорците со симпатична провокација удрија по она што е „свето“ за Босанците и Херцеговците, бурекот. Од трибината на која се наоѓаат најжестоките приврзаници на црногорската репрезентација се слушаше „Бурек со сирење“.