Урнебесната комедија “Од кол на кол” по 106 пат пред публиката

od kol na kol 1

Заради големиот интерес кај театарската публика  за гледање на претставата ,,Од кол на кол”во режија на Коле Ангеловски театарот,,Војдан Чернодрински,, утревечер сабота од 19.30 часот најгледаната комедија во последните години ќе ја прикаже по 106 пат.

Од театарот,,Војдан Чернодрински,, велат дека заради големата побарувачка за гледање на претставата таа повторно е на репертоарот. Веќе осум години ,,Од кол на кол,, ја полни салата на театарот. Посетителите уживаат гледајќи ја, се расположуваат и се смеат на интересните згоди и незгоди поврзани со животот на еден таксист, пренесени од актерите Трајче Иваноски, Виолета Чакарова, Цветанка Чавлеска, Андон Јованоски, Најдо Тодески, Марјан Чакмаксоки, Димитар  Вандески и Гоце Наумоски. Повторно влезниците се по популарна цена од 50 денари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.