Општина Прилеп и одделението за урбанизам во наредниот период ќе извршат реконструкција на веќепостоечкото детско игралиште во УЗ „Рид“. Игралиштето ќе се состои од нова урбана опрема, фудбалско игралиште, пешачки патеки…
„Детското игралиште на Рид ќе добие реконструкција со посовремена, помодерна и поурбана опрема, ќе биде поставена гумена подлога, нови детски реквизите за играње на децата и сето тоа на површина од 500 м2“, посочи Илија Карески раководител на секторот за урбанизам.
Според градоначалникот Марјан Ристески ова игралиште ќе биде во интерес на сите деца кои учат во блиското училиште и во интерес на сите граѓани кои живеат во оваа урбана зедница.
„Ова ќе биде навистина едно супер модерно детско игралиште кое ќе приреди едно убаво задоволство прво за најмладите, а потоа и за повозрасните. Ова нема да биде единствено игралиште кое ќе се реализира оваа година ќе има најмалку 5 до 6 нови игралишта во различни урбани заедници“, истакна градоначалникот Ристески во својата изјава.
За реализација на овој проект ќе бидат инвестирани околу 2 милиони денари, средства обезбедени од општина Прилеп.
Паркот ќе има улога на декоративен и рекреативен парк за прошетки и одмор.