Уникатно искуство на породување во вода во болницата “Плодност”: Идните мајки мора да го прочитаат ова

Првото бебе родено во вода во оваа 2024 година во болницата “Плодност” во Битола е Стефан – еден од новите уникатни методи на породување кои ги нуди оваа болница.

Мајката на Стефан, со огромна радост и задоволство го сподели искуството на породување во вода, а од “Плодност” со радост ја проследија сторијата на социјалните мрежи.

„Кога пред 4 години се породив во Болница Плодност, методата беше се уште во зачеток и се породив спонтано за мојата ќерка. Овој пат, безусловно и верував на мојата докторка Кристинка Пајаковска, до која упатувам посебна благодарност, бидејќи доживеав едно уникатно искуство, какво што не може да се опише со зборови.

Се знае, ги чувствував контракците, но моментот на породување е нешто посебно, Ова е најприродниот начин до она што го предвидела природата. Сама, го зедов моето новороденче, моето бебе, веднаш по породувањето и го ставив на мене. Онака, како што навистина е природно.

На сите идни мајки, топло им ја препорачувам оваа метода, бидејќи е единствен начин да го доживете породувањето онака, како што навистина треба да биде. Се чувствувам одлично, веднаш бев способна за станување, а веќе и го дојам мојот Стефан.“, вели среќната мајка.

И д-р Пајаковска ја потврдува леснотијата на чинот на породување на мајката, опишувајќи ја како најприроден процес на задоволство, кој ретко се случува кај пациентките – велат од “Плодност”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.