Ретроспективна изложба на фотографии и слушачка промоција на албумите Чоканче 1&2 и „Апсолутно романтично“ ќе се одржи на 30.01.2026 /петок/ од 18.30 часот во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“.
На настанот ќе се презентира развојниот пат од 40 години на групата Чоканче, чие прво појавување e на 12 март 1983 година, на „Рок Парадата“ во салата на тогашното кино „Партизан“ во Битола, заедно со уште 13 локални групи.
Со енергичен настап и природен контакт со публиката, Чоканче веднаш се издвојува, а тој ден засекогаш ја промени рок сцената во Битола. Од 1986 година па наваму, групата настапува со свои авторски песни, снимани за Радио Битола и Македонската Радио и Телевизија.
И покрај прекините во работењето, групата Чоканче останува присутна повеќе од четири децении, постојано носејќи ја својата енергија пред публиката. Во периодот 1994–1995, во студиото на Миодраг Неќак – МИКС започна снимањетона дуплиот албум Чоканче 1&2, издаденна касета и промовиран во клубот„Андер граунд“ – Битола, Дом на млади – Штип и Дом на млади – Скопје.
Во 2024 година дел од песните беа реиздадени на винил, а наскоро ќе бидат достапни и на компакт диск. Групата претрпуваше промени во составот, но остана верна на својот препознатлив звук.
“Денес Чоканче се: Паљачо, Скрочо, Крчо, Ќебапо и Алеко. Голема благодарност на оние кои беа дел од Чоканче и сите оние кои несебично ни помагаа.
Гооолема благодарност на сите кои беа со нас сите овие години. Од Срце ве сака -ЧОКАНЧЕ!”
























