“Унгарскиот портпарол му одржа лекција на Хан за неговиот твит?!”

Денес еврокомесарот за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан ја злоупотреби функцијата за приватно прашање кое го исполитизира азилот.

Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но не ја смета за сигурна земја. – напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.

Воедно Хан искористи и второ продолжение на твитот:

Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа. – напиша Хан.

Тој вели дека ако навистина Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, очекува гласно објаснување за нејзините основи од унгарскиот премиер Виктор Орбан.

На неговите твитови возврати портпаролот на кабинетот на Орбан, Золтан Коваш, кој на Хан му порача:

“Прочитајте го вашиот извештај од март 2018 година за ризиците од политичко влијание врз судството во Македонија”.

Притоа портпаролот на Орбан објави дел од извештајот на Европската комисија од март годинава за напредокот на Македонија, каде јасно пишува дека постојат ризици за политичко влијание врз судските одлуки.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.