Унгарска вечер ќе се одржи на 30 март 2017 година во ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп, што Ценатрот, ја организира во соработка со Амбасадата на Унгарија во РМ, а во рамките на меѓународната соработка. Најпрво од 18.30 часот во ликовниот салон ќе биде отворена историската изложба ,,Унгарците во логорите од Советскиот сојуз 1944-1956“ во спомен на годината на унгарските политички затвореници депортирани на принудна работа. Изложбата ќе ја отворат градоначалникот Марјан Ристески, амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Иштван Дукс и Кристина Чиба, директор на Домот на Унгарците. Веднаш потоа од 19.00 часот во големата сала концерт ќе одржи Аги Херцку со нејзината група Банда кои ветуваат енергичен и заносен концерт.
HERCZKU ÁGI ÉS A BANDA
Двојката Herczku Ágnes–Nikola Parov и во 2017 –та година пред нас ќе се претстави со енергичен и заносен репертоар.
Групата е од Унгарија – но верно кон нивната веќе позната колоритност – храбро се зафаќа и верно ја интерпретира и музиката на преку граничните унгарци како и на музиката од другите држави во регионот.
За заемнна интеракција помеѓу унгарскиот фолклор и музиката на државите во соседството укажал уште Бела Барток со неговата мисла: без познавањето на музиката на нашите соседи не можеме да ја разбереме и запознаеме ниту сопствената музика.
И при составувањето на секој нов репертоар, оркестарот е воден од овој поттик и од знатижелбата, при што се потпират или на истражувањата на нашите големи претци или на материјал собран од нив самите.
Herczku Ági и Banda
Herczku Ágnes – вокал – меѓу останато и 3 награди eMeRTON, наградата Fonogram, Јубиларна награда Золтан Кодаљ, Јубиларна награда Бела Барток, Награда за вредности, награда Франц Лист.
Nikola Parov – виолина, бузуки, кавал, гитара, зурли, вокал
Gera Gábor – хармоника
Pálházi Bence – виолина
Fekete Márton Kispuma – брача – награда Junior Prima
Molnár Péter – контрабас
Плочата на Herczku Ágnes со наслов Bandázom два маесеци била рангирана на нај реномираните светски топ листи. Топ листата WORLD MUSIC CHARTS EUROPE, пример, ја составуваат повеќе од 50 познати музичари од 25 држави во светот .
За нивната плоча Bandázom имаат добиено многу позитивни критики и од страна на две многу познати специализирани музички часописи, магазините SONGLINES и FROOTS. Додека една од песните од плочата е ставена на ЦД издаден од Songlines magazin TOP OF THE WORLD, како и на компилацијата на WOMEX .