Унијата на млади сили при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп направи пародија за мостот во населбата Сточен пазар во Прилеп.
Сумата за изградбата на мостот е предмет на дискусија и негодување како од опозицијата, така и од граѓаните во изминативе година дена откако започна реконструкцијата.
За градоначалникот тоа ќе бил најголем и најубав мост, а од опозицијата обвинуваат дека 574.000 евра колку што се предвидени за овој мост се астрономска сума.
Од УМС Прилеп поставија фотографии од познати мостови ширум светот на мовчето во населбата Сточен пазар.
-Мостот на Босфор и мостот во Прилеп. Тоа се тие грандиозни мостови ширум светот. Најскапото мовче во светот, со должина од 20 метри чија реконструкција ќе чини неверојатни 574.000 евра, или којзнае колку до крајот, напишаа на Фејсбук од УМС Прилеп.