Уметничките карвинг дела на прилепскиот мајстор го освоија и најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот: Влатко си дојде со златен медал од Хрватска (Фото галерија)

Изминатите денови на островот Брач во Супетар, Хрватска, се одржа најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој беше во организација на Сојузот на кувари од медитеранот и европскиот регион.

Натпреварот се одржа по 18-ти пат, а како дел на тимот од “Гастромак”, на истиот учествуваше и прилепчанецот Влатко Алексоски, кој за прв пат се натпреваруваше во неговата категорија карвинг и освои прво место и златен медал.

Алексоски ни истакна дека ова е огромно искуство за него и преку фотографии ни пренесе дел од атмосферата и организацијата таму, за кои вели дека биле на беспрекорно ниво и како Македонци биле топло дочекани.

Честитки за Влатко кој прераснува во вистински амбасадор на Прилеп и Македонија. Му посакуваме уште поголеми успеси во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.