Уловиле џиновска змија: Она што го откриле ги шокирало сите…

piton-jeleni1pocetna-91569

Бурманските питони на Флорида предизвикуваат огромни проблеми на автохтоните видови на животни кои живеат на подрачјето на националниот парк Еверглејдс.

Се започнало 1992 година, кога тоа подрачје го погодил ураганот Ендру кој меѓу останатото уништил и неколку фарми со питони на кои се одгледувале змии кои требало да се чуваат како домашни миленици.

Наместо како домашни миленици во нечии домови завршиле во мочуриштата на подрачјето во паркот. Покрај тоа и неодговорните сопственци на вакви домашни миленици откако ќе се засителе од нив ги пуштале во природата на подрачјето на паркот.

piton-jeleni1

Бидејќи станува збор за вид кој практично нема природен непријател тие толку многу се размножиле така што почнале сериозно да ги загрозуваат автохтоните видови на животни на кои им се заканува изумирање.

И онака загрижените чувари и еколози неодамнешното октритие кое го пронашле во џиновска четири метри долга и 47,6 килограми тешка змија дополнително ги шокирало.

Иако е познато дека бурмански питон од таа големина може да проголта елен, никогаш до сега на тоа подрачје не е пронајдена змија која во себе имала дури три од нив.

Експертите кои се занимаваат со проучување на бурманските питони претпоставуваат дека змијата секое животно го изела во различно време, за период од 90 дена.

piton-jeleni-696x456

“Овој период од 90 дена на некој може да му изгледа доволно долг, но всушност невообичаено е змија во толку краток период да изеде три толку големи елени”, изјавил за  Лајв Сајанс Скот Бобак, професор по биологија на Дикинсон факултетот кој го изучувал конкретно овој вид на змија.

“Доколку знаеме дека питонот е способен да изеде три елени во три месеци, се прашувам што и колку може да изеде, а ние тоа се уште не го знаеме”, загрижено изјавил Бобак особено поради тоа што не се знае колку бурмански питони на подрачјето на Еверглејдс моментално има.

Проценките се движат од 100 до 300 илјади змии!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.