Силно невреме проследено со засилен ветер и грмежи го зафати попладнево Прилеп и предизвика поплави по главните улици во градот.
Циклонот за кој од УХМР најавија дека вчера и денеска ќе ги зафати западните и југозападните делови од државата, ја покажа својата сила на дело.
Од утре се очекува стабилизирање на временската состојба со постепен пораст на дневната температура.